Насловна Актуелно Вести Беровските ученици, кои следат настава со физичко присуство, добија визири

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

Беровските ученици, кои следат настава со физичко присуство, добија визири

 

Беровските ученици, кои наставата ја следат со физичко присуство, односно учениците од прво до трето одделение, денеска добија визири, за заштита и безбедност при следење на наставата, во услови на пандемија од КОВИД 19.

 

Визирите на двете основни училишта ООУ,,Дедо Иљо Малешевски и ООУ ,,Никола Петров Русински им ги додели Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, а се добиени како донација од општествено одговорна компанија ЗЕГИН.

Голема благодарност, до општествена одговорна компанија ЗЕГИН, што во услови на КОВИД 19, се покажа како голем партнер на општина Берово, како во донацијата на прехрамбени пакети за социјано ранливи категории граѓани, така и сега за учениците кои следат настава со физичко присуство и што секогаш покажува подготвеност за соработка и солидарност, во моментите кога е најпотребно. Овие визири се добредојдени за поддршката на напорите на локалната самоуправа во борбата со КОВИД 19, а со оглед на самиот изглед, се надевам, ќе донесат нов бран на радост на нашите дечиња-истакна Пекевски.

Инаку настава со физичко присуство во општина Берово следат вкупно, околу 260 ученици.

 

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии